Општина Велес го одбележа 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Делегации на Општина Велес, на јавните институции, здруженија на граѓани и на политички партии денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на велешките Илинденци во центарот на градот.
Поради актуелната состојба со Ковид 19, настанот по повод празникот, беше организиран согласно насоките и мерките за заштита од ширење на Корона вирусот.