Со затворање на дел од улицата „Никола Карев” и преку едукативна работилница за учениците од ООУ „Васил Главинов”, на интерактивен начин денес беше одбележан меѓународниот Ден без автомобили.

Дружбата и учењето продолжија во дворот на подрачното училиште на ООУ „Свети Кирил и Методиј” во с. Црквино, каде учениците од прво до петто одделение возеа велосипеди и се рекреираа преку разни спортски активности.

Ова беше последната од низата активности кои беа реализирани во текот на изминатава седмица, со што Општина Велес од 16 до 22 септември ја одбележа Европската недела на мобилност 2021.

Во рамки на Европската недела на мобилност 2021, општествно одговорни компании донираа велосипеди и други спортски реквизити за општинските основни училишта и за ОЈУДГ „Димче Мирчев”. Овогодинешни поддржувачи се „Еуро-Фарм”, „Маркарт Македонија”, ДПТУ „Жито” ДООЕЛ, Велес, „Стокомак”, „Жива Фарм”, Клиника „Жан Митрев”, „Мон Жан” и „Виталиа”. Додека партнери се Делегацијата на Европска Унија во Скопје, МВР-СВР Велес и ЗГ „Велес Бајкинг”.