Нашите најмлади сограѓани, облечени во костими на своите омилени јунаци од бајките и под маски го одбележаа 1 Април, денот на шегата. Општина Велес и годинава ја организираше традиционалната Априлијада, во која најмладите, од градинката „Димче Мирчев“ и учениците од сите основни училишта, со музика и песна се забавуваа во Младинскиот парк. На нивно големо изненадување со свои точки настапија и аниматорите од Фанинејшн Ентертејмнт.

Манифестацијата ја посети и градоначалникот Марко Колев.