По повод денот на ООУ Стојан Бурчевски-Буридан, 30 март, делегација на Општина Велес и претставници на училиштето положија свежо цвеќе пред спомен обележјето со неговото име.

Бурчевски Буридан е роден во велешкото село Рудник во 1920 година. Тој е организатор и учесник во вооруженото востание од 1941 година. Бил борец а потоа и командир на чета во партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Од страна на бугарскиот воен суд, во отсуство бил осуден на смрт. Буридан загинува пеејќи ја песната на Одредот, заедно со група партизани во судир со бугарската војска и полиција.