Во организација на Советот за јавно здравје на Општина Велес и ОО на Црвен крст денеска во Големата сала на општинската зграда се одржа трибина по повод Светскиот ден на борбата против ХИВ/СИДА, 1 Декември. На едукативната трибина, на која стручни лица одржаа предвање за ХИВ/СИДА, како се пренесува и лекува вирусот, начинот на дијагностицирање и превенција, учествуваа учениците од средните училишта во градот.
Годинава, Светскиот ден за борба против глобалната епидемија, се одбележа под мотото „Изедначи“. Според Светската здравствена организација , ХИВ вирусот и натаму останува глобален проблем за јавното здравје и кој погодува над два милиони луѓе во европскиот регион.
Од овој вирус во Македонија досега починале 123 луѓе, а околу 450 живеат со болеста.