Општина Велес го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Делегации на општината, на институции, на АРМ, борци и на политички партии положија свежо цвеќе пред спомен бистата во Спомен костурницата и им оддадоа почит на паднатите борци за слободна Македонија.

9 Мај 1945 година е денот кога народот победи, а фашизмот остана да сведочи за жестокоста на поробителот наспроти непокорливоста на желбата за слобода. На овој ден во 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија официјално беше ставен крај на Втората светска војна која однесе 50 милиони животи.

Чествувањето на 80 годишнината од победата над фашизмот се заокружи со музички перформанс.