Со организирана рекреативна пешачка и велосипедска тура (off road патека) до врвот „Вршник” во Велес, беше одбележан меѓународниот Ден без автомобили, 22 септември 2023 година

На настанот, кој беше од отворен карактер, сите заинтересирани жители на Општина Велес, вљубеници во пешачењето и планинарењето, ученици од општинските средни училишта, Здруженија на граѓани, но и претставници на меѓународни институции и организации, амбасадорите на Европската унија, Кралството Шведска, Сојузна Република Германија, Полска, Народна Република Кина, Кралството Шпанија, Романија, Република Србија, Кралството Холандија, Република Словенија, Република Хрватска, Република Италија, како и претставници на Парламентарната зелена група од републичкото Собрание, Мировен корпус, Општина Аеродром и Центарот за истражување и креирање политики, имаа можност да рекреираат и да ужуваат во панорамските погледи на градот и околината.

Искачувањето на врвот „Вршник”, Општина Велес го организираше во соработка со ЕД „Грин пауер” и ЗГ „Велес бајкинг”.

Ова беше последната од низата активности кои беа реализирани во текот на изминатава седмица, со што Општина Велес од 16 до 22 септември ја одбележа Европската недела на мобилност 2023.

Во рамки на Европската недела на мобилност 2023, општествно одговорни компании донираа достојни донации во  пилатес топки и соодветни подлоги, велосипеди за деца, топки за разни спортови, останати спортски реквизити, освежителни пијалоци и житарки, наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, како и за општинските основни и средни училишта. Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „Виталиа Никола ДОО”, „Базаро” и ДПТУ „КОЛА“ ДООЕЛ.

Додека пак партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2023 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, ЕГ „Грин пауер”, ЗГ „Велес бајкинг”, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, ООУ „Рајко Жинзифов”, Горно Оризари, Велес, МВР-СВР Велес, Општинска организација на Црвен крст – Велес, Младински центар Велес, како и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Општина Велес изразува благодарност до сите помагатели и поддржувачи кои беа несебично вклучени во организирањето на активностите со кои беше одбележана овогодинешната Европска недела на мобилност 2023, на единствен и уникатен начин на национално ниво.