Општина Велес го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Во чест на жртвите на фашизмот, делегација на Општина Велес, советници, политички партии и претставници на институции, се поклонија пред неколку стотици паднати борци чии мошти почиваат во Спомен костурницата и положија свежо цвеќе.
9 Мај 1945 година е денот кога народот победи, а фашизмот остана да сведочи за жестокоста на поробителот наспроти непокорливоста на желбата за слобода. На овој ден во 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија официјално беше ставен крај на Втората светска војна која однесе 50 милиони животи.