Во организација на Општина Велес и Асоцијацијата АЛМА (Алзас Македонија) денеска беше одбележан меѓународниот ден на Алзас 2023.  На настанот кој се одржа во француското катче при Локалната библиотека „Гоце Делчев“ присуствуваа Бранко Чобанов, аташе за култура при француската амбасада и  претставник на францускиот институт и Љупка Димова, аташе за развој на францускиот јазик. На настанот Чобанов ги поздрави присутните во името на абасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер и изрази задоволство за долгогодишната успешна соработка со Алзас. Присутните ги поздрави и Снежана Бошевска, директорка на библиотеката, која укажа на значењето на француското катче, донација на АЛМА за развојот на францускиот јазик во Велес.

Учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на професор Мимоза Тодорова изведоа пригодна уметничка програма на македонски  и француски јазик, а на гитара настапија професорот Никола Димовски и ученичката Ангела Саздова.

Општина Велес ја презентираше 15 годишната со Алзас со фокус на културната размена, развојот на винските патишта и развојот на туризмот. Материјалите од денешното одбележување ќе бидат испратени во Стразбур и ќе бидат презентирани во рамките на централното одбележување на Денот на Алзас, 24 јуни.