Локалната библиотека „Гоце Делчев“ со свечен настан го одбележа раѓањето на великанот. Присутните имаа можност да проследат видеозапис за Гоце Делчев, а ученици од ОСУ „Јовче Тесличков“ имаа поетски перформанс на тема „За македонцките работи“.

Директорката на библиотеката Снежана Бошевска во својот поздравен говор истакна дека со овој настан се заокружува уште една успешна година во работењето на институцијата со реализација на голем број проекти и настани и збогатување на библиотечниот фонд. Особено е горда на тоа што библиотеката го доби признанието „Библиотека на годината за 2025 година“.

Библиотеката ги награди читателите во повеќе категории. Пофалници добија и учесниците на конкурсот „Корените-тоа сме ние“.

Одбележувањето на годишнината беше збогатено со изведбата на староградски велешки песни од страна на сопран Магдалена Тодоровска во придружба на Илија Настовски на пијано.