Со пригодна свечена програма, читање на стихови од страна на учениците од ООУ „Блаже Конески’ , во медијотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“  денеска се одбележа патрониот празник на институцијата.

Директорката на библиотеката Снежана Бошевска истакна дека со овој настан се заокружува уште една успешна година во работењето на институцијата со реализација на голем број проекти и збогатување на библиотечниот фонд со над две илјади книги.

Библиотеката, како и секоја година, ги награди читателите со најголем број прочитани книги. Благодарници им беа доделени и на учениците кои учествуваа на литературниот конкурс.

Одбележувањето на патрониот празник на библиотеката беше збогатено и со неколку балетски точки во изведба на членовите на Балетското студио „Анабела“.