Во село Иванковци беше одбележан патрониот празник на општинското основно училиште „Стојан Бурчевски Буридан“.Денот на патронот, кој претставува столб на традицијата за оваа образовна институција, беше повод за заедничко оддавање почит кон ликот и делото на овој револуционер.

Официјалното одбележување беше означено со полагање свежо свеќе пред спомен обележјето, каде покрај делегација од oпштина Велес, присуствуваа и претставници на јавни институции и граѓани.

Стојан Бурчевски Буридан, роден во велешко Рудник во 1920 година, останува во историската меморија како еден од организаторите на вооруженото востание во 1941 година.Како командат на чета во партизанскиот одред „Димитар Влахов“, тој стана симбол на борбата за слобода.Неговиот херојски крај, загинувањето во судир со непријателските сили додека ја пеел песната на Одредот е пример за пожртвуваност кој денес се пренесува на младите генерации.