На 17 март се одбележа Светскиот ден на крводарителството. Во организација на Црвениот Крст – Велес се одржа настан за истакнување на значајноста на овој ден, на кој се доделија признанија за најхуманите дарители кои во текот на 2025 година со одбележани 50, 75 и 100 дарувања на крв.
На настанот присуствуваше градоначалникот Марко Колев и претседателот на Советот на Општина Велес Даниел Јаневски кои им доделија награди и благодарници на најхуманите граѓани.
Бројката на дарувани крвни единици во текот на изминатата година уште еднаш потврди дека Велес е град со крводарителска традиција на хумани граѓани кои несебично ја даруваат својата крв и спасуваат човечки животи.
На настанот, по повод светскиот ден на крводарителството, се одржа и панел дискусија на тема на оваа благородна мисија.










