Денеска се одбележува 21 годишнина од смртта на велешанката Данка Фирфова Северова, една од најмаркантните личности во музичката историја на Македонија. Во чест и спомен на Данка, ученици на ООМУ „Стефан Гајдов“ изведоа класични композиции на своите инструменти. Пред присутните гости настапи и сопранот Магдалена Тодоровска која со својот музички колаж приреди вистинско уживање.
Данка Фирфова Северова е родена во 1918 година во Велес како четврто дете во семејството на Цанда и Ристо Северови, луѓе со ретка музичка дарба. Таа уште од малечка покажала љубов кон музиката а особено кон пеењето.
За прв пат лани Општина Велес го оживеа споменот на првата македонска оперска првенка која и по 17 пати била враќана на бис на оперската сцена. Велес ќе продолжи да се сеќава на културните великани меѓу кои и на незаборавната Данка Ристова Северова Фирфова.