82 годишнината од смртта на македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски денеска се одбележа и во неговото родно село Војница. Пред спомен бистата на Неделковски свежо цвеќе положија делегации на Општина Велес, ЛУ „Народен музеј Велес“,  Локална библиотека „Гоце Делчев“  и на Клубот на писатели Коста Солев Рацин.

Во рамки на културната манифестација, во чест на поетот, членови на клубот „Коста Солев Рацин“ читаа стихови од стихозбирките на културниот деец.

Годинава, наградата за животно дело „Коле Неделковски“, клубот на писатели му ја додели на писателот Атанас Крлевски.

Присутните на манифестацијата ја посетија и спомен собата на нашиот поет Коле Неделковски.