Општина Велес ја одбележа годишнината од раѓањето и смртта на неимарот Андреја Дамјанов. На 12 јуни се навршуваат 212 години од неговото раѓање и 147 години од неговата смрт. Со почит кон неговиот лик и дело, општинска делегација положи свежо цвеќе на неговиот вечен дом во црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“.

Андреја Дамјанов е познат градител од 18 век кој со своите браќа градел цркви во Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и во други балкански земји. Тој е роден во 1813 година во велешкото село Папрадиште и претставува симбол на македонското неимарство. Дамјанов лично присуствувал при изградбата на секоја црква. Неговите сакрални објекти се карактеризираат како врвни архитектонски дела со декоративни елементи на столбовите и со добра акустика.

Андреја Дамјанов е градителот на црквата посветена на Свети Пантелејмон, светецот-заштитник на Велес, надалеку позната по изразот „Македонска миланска скала“.