Со положување свежо цвеќе пред спомен бистите на патронот чие име го носи велешката касарна од страна на градоначалникот Марко Колев и претседателот на Советот на Општина Велес Даниел Јаневски како и од страна на припадници на армијата, денеска се одбележа 65 годишнината од смртта на македонскиот комунист и учесник во НОБ и во Шпанската граѓанска војна Алексо Демниевски Бауман.
Годишнината беше одбележана и со пригодна програма во кругот на касарната.