Во периодот од 16 до 22 септември 2023 година, тим од Општина Велес и оваа година организира седумдневни активности со кои ќе биде одбележана Европската недела на мобилност 2023 (ЕНМ) во тесна соработка со Здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании.

Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на овие активности, особено на одбележувањето на меѓународниот Ден без автомобили, во петок, 22 септември, кога ќе се одржи завршниот настан, со што ќе се заокружи целата седмица.

Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа пилатес топки и соодветни подлоги, велосипеди за деца, топки за разни спортови, останати спортски реквизити, освежителни пијалоци и житарки, наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, како и за општинските основни и средни училишта. Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „Виталиа Никола ДОО”, „Базаро” и ДПТУ „КОЛА“ ДООЕЛ.

Додека пак партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2023 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, ЕГ „Грин пауер”, ЗГ „Велес бајкинг”, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, ООУ „Рајко Жинзифов”, Горно Оризари, Велес, МВР-СВР Велес, Општинска организација на Црвен крст – Велес, Младински центар Велес, како и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Детални информации за секој настан можат да се најдат на интернет страницата на Општина Велес.

Официјалното претставување на Програмата за 2023 година ќе се случи во петок, 15 септември 2023 година, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Европска куќа Велес, каде истовремено ќе биде организирана и изложба на спортска и велосипедска опрема во соработка со ЗГ „Велес бајкинг”.

 


Агенда