Министерството за внатрешни работи, утре (сабота) 30.04.2022 година, во Младински парк со почеток во 12:30 часот ќе одржи активности со кои ќе го одбележи Денот на полицијата, 7 мај. На просторот во Младински парк ќе биде изложена полициска опрема со која граѓаните а особено помладите ќе можат поблиску да се запознаат со работата на полициските службеници. Истовремено полициските службеници ќе изведат и неколку показни вежби со цел да ја промовираат професионалната и одговорната работа на полицијата. На настанот ќе присуствуваат полициски службеници од единиците на МВР како и државниот секретар на МВР м-р Магдалена Несторовска.

Општина Велес ја поддржува организацијата на настанот на МВР и ги повикува граѓаните да присуствуваат во чест на Денот на полицијата.