И оваа година во периодот од 16 до 22 септември 2022 година, тим од Општина Велес организира седумдневни активности со кои ќе биде одбележана Европската недела на мобилност 2022.

Во соработка со Здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании, Општина Велес ќе реализира по една активност секој ден, со што ќе биде одбележана Европската недела на мобилност (ЕНМ).

Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на овие активности, а посебно на одбележувањето на меѓународниот Ден без автомобили, во четврток, 22 септември, кога ќе се одржи завршниот настан, со што ќе се заокружи целата седмица.

Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа велосипеди за деца, трицикли, топки за разни спортови, спортски реквизити, освежителни пијалоци и житарки, хигиенски средства и друго, наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, сите општински основни и средни училишта од градот. Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „ Виталиа Никола ДОО”, „Витал БТ”, „Базаро”, „Интерспорт”, „Спорт М” и „Алкалоид АД“ Скопје. Додека пак помагатели и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2022 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Скопје, волонтерите на Младински центар, Велес, ЗГ „Велес бајкинг”, ИО „Димитар Влахов”, МВР-СВР Велес, како и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Детални информации за секој настан можат да се најдат на официјалната веб страница на Општина Велес.

Агенда