Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05………120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19…288/21) и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.01/2022 (со арх.бр.08-3211/2 од 06.07.2022 година),

Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната

О Д Л У К А

     за избор на кандидат по Јавен оглас

за вработување на неопределено време

  1. Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.01/2022 (со арх.бр.08-3211/2 од 06.07.2022 година) за прием на работник во работен однос на неопределено време на работно место- Работник за давање на податоци-информации, ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013– 1 (еден) извршител, изврши избор на следниот кандидат:
  • Давид Андов
  1. Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.
  2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

           Општина Велес на ден 08.07.2022 година, објави Јавен оглас бр.01/2022 (со арх.бр.08-3211/2 од 06.07.2022 година), за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место – Работник за давање на податоци-информации, ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013–1(еден) извршител утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот  оглас се јави 1(еден) кандидат.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријави и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека поднесена е 1(една) пријава, која е поднесена во утврдениот рок, со комплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријави по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.04-3211/9 од 15.07.2022 година, со конечна ранг-листа.

Врз основа на доставениот записник, а  согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.

 

Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.

Број.08-3211/11

18.07.2022 година

                                                                                                                                        Градоначалник

                                                                                                                           на Општина Велес

                                                                                                                            Марко Колев

Одлука