Врз основа на член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 12/06, 03/09, 18/10 , 15/14, 15/18, 06/19 и 08/21), а согласно член 11, од Деловникот  за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 11/11) и член 12 од Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес  („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.17/22 и 18/22) и Годишна програма за работа на Комисијата за стипендирање на  талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес за 2022/2023 година бр. 25-4876/3

 

Советот на Општина Велес на седницата одржана на   14.12.2022 година, донесе

О Д Л У К А

за избор на талентирани ученици и студенти кои

добиваат стипендија за учебната 2022/2023 година

Член 1

Со оваа Одлука се врши избор на талентирани ученици и студенти кои добиваат стипендија за учебната 2022/2023 година, согласно Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес.

1.За студенти стипендијанти за учебната 2022/2023 година се избираат:

Реден бр.

Студенти Стипендист на
1. Бојана Кацарова Општина Велес
2. Љубенка Ордева Општина Велес
3. Виктор Игнов Агриа агроиндустриска групација Велес
4. Виолета Иванова Општина Велес
5. Орданче Рибарски Општина Велес
6. Ана Трајчева Општина Велес
7. Андреј Кодовски Општина Велес
8. Марија Ордева Жито Маркети Велес
9. Кристина Ивановска Жито Маркети Велес
10. Тамара Коцевска Жито Маркети Велес
11. Леонид Миланов Жито Маркети Велес
12. Марија Давчева Жито Маркети Велес

 

2.За ученици стипендијанти за учебната 2022/2023 година се избираат :

Реден бр. Ученици Стипендист на
1. Мартина Арсовска Општина Велес
2. Марко Поптодоров Агриа агроиндустриска групација Велес
3. Марија Нечева Општина Велес
4. Дамјан Арсеновски Општина Велес
5. Деспина Миланова Општина Велес
6. Сара Адамчевска Општина Велес
7. Василка Карталова Општина Велес
8. Матеј Гелев Општина Велес
9. Кристијан Мартулков Општина Велес
10. Лилјана Филипова Општина Велес
11. Наумина Стоилковска Општина Велес
12. Ана Тодорова Општина Велес
13. Мартина Јаневска Општина Велес
14. Јани Штерјов Општина Велес
15. Анѓела Драган Општина Велес
16. Леон Арсов Жито Маркети Велес
17. Љубенка Малинова Жито Маркети Велес
18. Џенита Кицара Жито Маркети Велес
19. Миа Трајковска Жито Маркети Велес
20. Ана Шопова Жито Маркети Велес

 

Член 2

 

Висината на стипендијата за талентираните ученици од член 1 на оваа Одлука изнесува 1.500,00 денари месечно, 9 (девет) месеци во текот на учебната 2022/2023 година.

Висината на стипендијата за талентираните студенти од член 1 на оваа Одлука изнесува 2.000,00 денари месечно, 9 (девет) месеци во текот на учебната 2022/2023 година.

Член 3

Средствата за оваа намена ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Велес,  и истите ќе се исплатат на два дела и тоа првиот дел во оваа учебна година, а вториот дел во наредната учебна година.

Средствата од страна на донаторите ќе се исплатат на два дела и тоа првиот дел во оваа учебна година, а вториот дел во наредната учебна година за што со стипендијантите кои ги стипендираат ќе склучат договори.

Член 4

Стипендијата ќе биде исплатена на посебна трансакциона сметка на секој корисник на стипендија, по потпишувањето на договорот.

Член 5

Се задолжува Градоначалникот на Општина Велес со секој од стипендијантите да  склучи посебен договор во кој ќе бидат регулирани начинот на исплата на стипендијата како и другите права и обврски што стипендијантите ги имаат кон Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес.                                              

Член 6

Извештај на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес, согласно спроведениот Конкурс е составен дел на оваа Одлука.

Член 7

Оваа Одлука  влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето, во „Службен гласник на Општина Велес“.

 

Претседател

на Советот на Општина Велес,

Зоран Љутков