- Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.02/2025 (со арх. бр.08-3506/2 од 07.2025 година) за прием на работник во работен однос на неопределено време на работно место-ВКВ Работник за одржување на објекти, ниво А3, шифра УПР 04 01 А03 001– 1 (еден) извршител, изврши избор на следниот кандидат:
-Тоше Талевски
- Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.
- Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Општина Велес на ден 08.07.2025 година, објави Јавен оглас бр.02/2025 (со арх. бр.08-3506/2 од 03.07.2025 година), за прием на работник во работен однос на неопределено време на работно место – ВКВ Работник за одржување на објекти, ниво А3, шифра УПР 04 01 А03 001–1(еден) извршител, утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес.
Комисијата за селекција на пристигнатите документи, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатата пријава и документи и изврши проверка на истите. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријава по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.02-3506/7 од 14.07.2025 година, со конечна ранг-листа.
Врз основа на доставениот записник, а согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.
Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.
Број.08-3506/8
15.07.2025 година


