1. Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.01/2023 (со арх.бр.08-2285/2 од 09.05.2023 година) за прием на работник во работен однос на неопределено време на работно место- Возач, ниво А2, шифра УПР 04 03 А02 001– 1 (еден) извршител, изврши избор на следниот кандидат:

 

  • Петар Пановски

 

  1. Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.

 

  1. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

Градоначалникот на Општина Велес на ден 12.05.2023 година, објави Јавен оглас бр.01/2023 (со арх.бр.08-2285/2 од 09.05.2023 година), за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место – Возач, ниво А2, шифра УПР 04 03 А02 001–1(еден) извршител утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот  оглас се јави 1(еден) кандидат.

Комисијата за селекција на пристигнатите документи, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатата пријава и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека поднесена е 1(една) пријава, која е поднесена во утврдениот рок, со комплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријава по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.02-2285/7 од 22.05.2023 година, со конечна ранг-листа.

Врз основа на доставениот записник, а  согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.

 

Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.


Одлука за избор