Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05………120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19…288/21), член 22 став 1 алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14…….198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19, 14/20 и 208/24) и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот Јавен оглас за засновање на работен однос на неопределено време со арх. 08-3284/1 од 17.06.2025  година, Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната

 

 

О Д Л У К А

за избор на кандидати по Јавен оглас

за засновање на работен однос на неопределано време

во Територијална противпожарна единица-Велес

 

  1. Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас со арх. 08-3284/1 од 17.06.2025 година, за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место – Пожарникар спасител во Територијална противпожарна единица-Велес -3 (тројца) извршители, изврши избор на следните кандидати:

 

  • Богданчо Драскачев
  • Благој Ѓорчевски
  • Драган Цанев

 

  1. Врз основа на одлуката за избор, со избраните кандидатите наведени во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.
  2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

Општина Велес на ден 18.06.2025 година, објави Јавен оглас (со арх. 08-3284/1 од 17.06.2025  година), за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место  Пожарникар спасител во Територијална противпожарна единица, ПОЖ 02 10 В04 000 – 3(тројца) извршители утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријава и документи и изврши проверка на истите. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријави по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.02-3284/11 од 01.07.2025  година, со конечна ранг-листа.

Врз основа на доставениот записник, а  согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на тројца извршители и донесе одлука како во диспозитивот.

Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.