1. За избор на лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територијата на Општина Велес се избираат следните лица:
    • Татјана Воденичарова;
    • Елена Тодоровски;
    • Сара Минова;
    • Моника Андова;
    • Александра Матева;
    • Драган Андовски;
    • Марија Банева;
    • Бошко Тасковски;
    • Гордана Гргиќ;
    • Стојанче Јовчев.
  1. Ангажманот на избраните лица ќе трае најдолго до 31.12.2026 година, согласно Одлуката за утврдување потреба од спроведување проект за ангажирање на лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територија на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес„ бр.2/26).
  2. Со избраните лица Градоначалникот ќе склучи поединечни Договори за регулирање на меѓусебните права и обврски.
  3. Ова Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

Образложение

 

Советот на Општина Велес на 8-та седница одржана на ден 17.02.2026 година донесе Одлука бр.09-1014/10 за утврдување потреба од спроведување проект за ангажирање на лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територијата на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.2/26).

Согласно член 4 од Одлуката, Градоначалникот на Општина Велес со Решение бр.08-1279/1 од 04.03.2026 година форимира Комисија за селекција на кандидати пријавени на јавен повик за ангажирање лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територија на Општина Велес.

Од страна на Комисијата на ден 04.03.2026 година објавен е Јавен повик за ангажирање лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот на територијата на Општина Велес.

Комисијата оствари увид во 22 пристигнати пријави по Јавниот повик и на ден 17.03.2026 година спроведе интервју со сите пријавени кандидати.

По спроведеното интервју согласно член 4 од Одлука бр.09-1014/10 за утврдување потреба од спроведување проект за ангажирање на лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територијата на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.2/26), од страна на Комисијата составен е Записник со предлог листа на селектирани кандидати за Јавен повик за агажирање на лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територијата на Општина Велес.

Градоначалникот на Општина Велес, врз основа на предлогот на Комисијата доставен со Записникот бр.08-1279/5 од 18.03.2026 година, одлучи како во диспозитивот на ова Решение.


Одлука