Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18, и “Службен весник на РСМ” бр. 89/22, 171/22 ),
Градоначалникот на Општина Велес, на ден .02.2024 година донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на крак на фекална канализација во село Караслари, Општина Велес кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Р.С.М.” број 32/20, 111/23), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на крак на фекална канализација во село Караслари, Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
- Донесувањето на планскиот документ е од локално значење и опфаќа мала област со вкупна површина опфатена во рамките на опишаните граници 1.008,36 м².
- Според горенаведената планска документација на предметниот простор има предвидено намена:
- Е – Инфраструктура
- Е1.6 – Фекална канализациона инфраструктура
Со планскиот документ се планира реализирање на проект што не е пропишан со Уредбата за стратегиите, плановите и програмите, вклучувајќи ги и промените на тие стратегии, планови и програми, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот ни здравјето на луѓето.
- Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.