Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22 и 05/23),

Градоначалникот на Општина  Велес,   донесес

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

 

За  планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, со намена Г4.1 –Стоваришта со пропратни содржини, на КП 1060/3, КП 1060/2, КП 1060/1, КО Башино Село, Општина Велес кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.С.Македонија бр. 32/20 и 111/23), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.