Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22 и 05/23),

Градоначалникот на Општина  Велес,  донесесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

За  планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.1 – Згради од лесна градежна индустрија (фабрички комплекси, индустриски работилници, хали за монтажа, складови, топлани, генераторски станици и сл.погони и бази за производство на асфалт и бетон) на дел од КП бр.1429, КО Башино Село, Општина Велес кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на Р.С.Македонија бр. 32/20 и 111/23), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.