Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22),

Градоначалникот на Општина  Велес, на ден  09.10.2023 година  донесе:

 

 

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена:

 

За  планскиот документ изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1.13-( Фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земја)  “ ГРОХОТ 3“ на  дел од КП 10573/1 КО Велес Општина Велес, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.199/14, 44/15, 44/15 и 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.