Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22),
Градоначалникот на Општина Велес, на ден 24.10.2023 година донесе:
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
За планскиот документ изработка на Детален урбанистички план Бензиска станица 034, Дел од УБ 23, УЕ 2 Општина Велес, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 44/15 и 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.