Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05………120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19………39/25) и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот Јавен оглас бр.01/2026 (со арх.бр.04-2665/2 од 05.06.2025 година), Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната

 

О Д Л У К А

за избор на кандидат по Јавен оглас

за вработување на определено време

 

 

  1. Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.01/2026 (со арх. бр.04-2665/2 од 06.2026 година) за прием на работник во работен однос на определено време на работно место – Советник за примена на прописи, постапки и обуки за човечки ресурси, ниво В1 шифра УПР 01 01 В01 000 – 1 (еден) извршител, изврши избор на следниот кандидат:

 

-Taтјана Темелковска

 

  1. Врз основа на одлуката за избор, со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на определено време.

 

  1. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

Општина Велес на ден 10.06.2026 година, објави Јавен оглас бр.01/2026 (со арх. бр.04-2665/2 од 05.06.2026 година), за прием на работник во работен однос на определено време на работно место – Советник за примена на прописи, постапки и обуки за човечки ресурси, ниво В1 шифра УПР 01 01 В01 000 –1(еден) извршител, утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес.

Комисијата за селекција на пристигнатите документи, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатата пријава и документи и изврши проверка на истите. За извршената селекција на пристигнатите докумeнти и пријава по огласот, Комисијата за селекција до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со бр.04-2665/7 од 16.06.2026 година, со конечна ранг-листа.

Врз основа на доставениот записник, а  согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.

 

Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.