На последната седница на Советот на Општина Велес донесена е одлука за одредување на нови 22 локации за поставување на подземни контејнери во Велес, најави Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.

„Сметаме дека со поставувањето на подземните контејнери значително се  подобри сликата со управувањето со отпадот и јавната чистота на локациите каде се поставени и наидоа на позитивни рекации во јавноста. Ние како општина ќе продолжиме да работиме на подобрување на условите за собирање на отпадот од јавните површини и домаќинствата“, рече Коцевски.

Со старата одлука на Советот на Општина Велес, во градот треба да се постават уште три подземни контејнери и тоа на улица „8 Септември“, на улица „Алексо Демниевски“ и на улица „Благој Ѓорев“.

ЈКП „Дервен“ ќе добие уште две нови возила со зафатнина од 4 м³,за собирање на цврст комунален отпад од потесните улици на градот, во вредност од седум милиони денари.