По повод Светскиот ден на здравјето 07 април, од страна на Општина Велес  беше одржана Јавна трибина за превентивни прегледи и рана детекција на болести под мотото „Рано откривање спасува животи“ во организација на Комисијата за унапредување на правата на пациентите.

Целта на трибината беше подигнување на свеста за значењето на здравиот начин на живот и превенција од болести како и значењето и улогата на  Комисијата за унапредување на правата на пациентите.

На трибината свое учество имаа Лидија Димова-Претседател на Комисијата, д-р.Лилија Чолакова Дервишова и Димче Велев – членови на Комисијата за унапредување на правата на пациентите.

Свое учество и придонес даде и Иванка Караѓозова Трчкова во својство на пациент, Претседател на Здружение на Дијабетичари Велес и иден лекар.

Излагањата на говорниците се однесуваа на македонското законодавство и регулатива во однос на правата и обврските на пациентите, ставовите на Светска здравствена организација и улогата на државата и Комисијата за унапредување на правата на пациентите.

Исто така беше ставен акцент на редовните прегледи, рана детекција на болестите, на малигните заболувања, детекција на дијабетес, препознавање на симптомите и негово лекување.

Особено беше потенцирано дека младите лица треба да се насочат кон водење здрав живот, спорт, без пороци и редовни прегледи и контроли со оглед на фактот дека возрасната граница за многу заболувања е намалена.

На трибината активно учество земаа и дел од останатите членови на Комсијата, членови на Советот на Општина Велес и заинтересирани граѓани.