Од страна на Советот на Општина Велес е формирана Комисија за унапредување на правата на пациентите составена од 11 члена согласно Законот за заштита на правата на пациентите.
Комисијата за унапредување на правата на пациентите е формирана за да се овозможи заштита на правата на пациентот со што би се обезбедила квалитетна и континуирана здравствена заштита во согласност со тековните достигнувања во здравството и медицината, во рамките на системот на здравствена заштита и здравствено осигурување, соодветна на поединечните потреби на пациентот, со отсуство на каква било психичка и физичка злоупотреба, со целосно почитување на достоинството на неговата личност и во негов најдобар интерес.
За таа цел, на ден 03.04.2026 година во просториите на Општина Велес се одржа 1-та седница на Комисијата за унапредување на правата на пациентите.
На денешната седница, за Претседател на Комисијата за унапредување на правата на пациентите беше избрана Лидија Димова (поранешен судија во Основен суд Велес)
Присутните на седницата имаа можност да разменат мислења и искуства, при што беше нагласена важноста од соработка помеѓу членовите на Комисијата во насока на подобрување на правата на пациентите.
Општина Велес согласно законските надлежности на лесно достапно место ќе отвори канцеларија со назив: „Канцеларија на Комисијата за унапредување на правата на пациентите” со цел унапредување на правата на пациентите и нивна заштита.


