Големата цел на образованието не е само знаењето, туку и акцијата. Токму затоа од клучно значење е квалитетот на средното стручно образование од една страна и соработката со бизнис секторот од другата страна.
За таа цел, Општина Велес денес беше домаќин на јавна трибина “Учи паметно, работи стручно” во организација на Министерството за образование и наука, на која присуствуваа и свое обраќање имаа градоначалникот Марко Колев, државниот секретар од Министерството, Центарот за стручно образование и обука, Стопански комори, директори на средните општински училишта и претставници од бизнис секторот.
Плодната дискусија на присутните доведе до заеднички заклучок дека дуалното образование дава резултати, токму затоа наша задача се реформи во средното стручно образование и унапредување на соработката и во иднина. Само така ќе создадеме квалификуван и стручен кадар, ќе ги зачуваме училиштата, но најважно, ќе спречиме одлив на кадри од Македонија.