На свечена седница во организација на Општинската изборна комисија денеска им беа врачени решенијата на градоначалникот Марко Колев за новиот мандат  и на новоизбраните советници во Советот на Општина Велес. Градоначалникот Колев се заблагодари на ОИК и сите вклучени институции за успешниот изборен процес и на граѓаните кои повторно му ја дадоа довербата да го води градот.

„Останува да го реализираме сето она што го ветивме и граѓаните го очекуваат, самостојно и во соработка со централната власт“, истакна Колев на свечената седница.