Градоначалникот Марко Колев денеска беше во работна посета на општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари, во кое се реконструира машинската сала за парно греење. Се монтираат топловодни пумпи кои ќе работат на систем воздух – вода, со кои во голема мера ќе се заштеди гориво. Инвестицијата е вредна 2.200.000 денари,финансиски средства на училиштето.

Освен реконструкцијата на парното греење, училиштето ќе добие нова спортска сала. Во изградбата на спорстката сала ќе се инвестираат 24.500.000 денари од Министерството за образование и наука.