Денеска се одбележуваат 83 години од смртта на македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски. Пред спомен бистата на поетот, во кругот на средното стручно училиште, што го носи неговото име, делегации на Општина Велес и на јавни институции положија цвеќе и му оддадоа почит.

Коле Неделковски е роден во велешкото село Војница. Тој  е еден од најистакнатите револуционерни македонски поети помеѓу двете светски војни. Неделковски претставува романтичар со бескрајна љубов кон својот народ и кон неговата борба за слобода и правда.