Со квалитетно вино од локални винарии, вкусни специјалитети од домашни производители и добра забава од неколку музички бендови и артисти, денеска во Младински парк се одбележа Свети Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите. Општина Велес годинава за прв пат организира заедничко чествување на празникот на лозјето и виното. Велешани уживаа во празникот со желба да прерасне во традиција.