Општина Велес е една од осумте општини корисник на грант од програмата „ЕУ за Општините“, од кои Општината добива околу 750.000 евра средства за реализирање на проект со кој ќе се реши сообраќајниот хаос во центарот на градот и ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони.
За таа цел, денес Градоначалникот Марко Колев и одговорните служби од Општината одржааа работна средба и увид на терен со г-дин Клаус Рихтер, одговорен за техничка поддршка при делегација на ЕУ, г-дин Бојан Кардалов, одговорен за видливост на проектите и г-дин Глигор Михаиловски од СЕГ Холдинг кои се наши партнери во проектот.
На средбата Градоначалникот Колев изрази благодарност за досегашната соработка, но и подготвеност за соработка и во иднина за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во Велес.