Општина Велес ги исклучи светлата на платото пред Основен суд Велес и Мало Мовче и на тој начин го одбележа ,,Часот на планетата земја“. Со едночасовно исклучување на светлата од 20.30 до 21.30 часот, на овие локации, Велес и велешани се вклучија во акцијата против климатските промени и испратија порака за значењето на природата и биодиверзитетот за планетата земја. Милиони луѓе ширум светот меѓу кои и велешани вечерва испратија заедничка силна порака за спас на планетата земја, за да предупредат дека климатските промени се случуваат тука и сега и дека само ние ја имаме моќта да го промениме тоа.