Општина Велес ја одбележа годишнината од раѓањето и смртта на Рајко Жинзифов. Денеска се навршуваат 183 години од неговото раѓање и 145 години од неговата смрт.
Во чест и спомен на Рајко Жинзифов, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата во општинското основно училиште што го носи неговото име во Г.Оризари.
Рајко Жинзифов е роден на 15 февруари 1839 година во Велес. Потекнува од влашко семјество кое од Битола се доселило во Велес. Тој е македонски преродбеник, публицист, писател и поет, преведувач и собирач на народно творештво и е еден од учениците на Миладинов. Жинзифов е авторот на биографијата на браќата Миладиновци.