На денешната прес конференција, градоначалникот Коцевски даде извештај пред јавноста за сработеното во првите шест месеци од оваа година.

„Ќе користам споредбени показатели со изборната 2017 година, но и со претходни години”, истакна Коцевски.

Во првите шест месеци од 2021 година реазлизирани се вкупно 382.911.015 денари прихорди, а за споредба, во 2017 година биле остварени 323.108.708 денари.

Во  првите шест месеци од 2021 година реазлизирани се вкупно 355.943.282 денари расходи, а во 2017 вкпуно 297.632.213 денари.

Капиталните приходи во основниот буџет се 39.196.924, а за споредба во 2017 година за првите шест месеци биле реализирани само 12. 584.829 денари или за 3,11 пати се реализирани повеќе капитални расходи за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Капиталните  расходи во вкупниот буџет за првите шест месеци од оваа година изнесуваат 49. 819.243 денари, а во 2017 биле само 16.909.618 денари или 2,9 пати повеќе.

За репрезентација од буџетот на Општина Велес за периодот од првите шест месеци од оваа година се потрошени само 2.680 денари, во 2017 година биле потрошени 256.505 денари, што е за 95,7 пати повеќе во споредба со првите шест месеци од оваа година. а, во 2015 година биле потрошени дури 545.706 денари што е за 203,6 пати повеќе во споредба со првите шест месеци од оваа година.

„За гориво во 2021 година се потрошени 298.850 денари, во 2017 година 354.367 денари, тоа значи дека 18,6% сме потрошиле помалку во споредба со 2017 година, меѓутоа во споредба со 2014 кога се потрошени 735.360 денари сме потрошиле за 2,5 пати помалку гориво”, потенцираше градоначалникот.

За патни трошоци во првите шест месеци од оваа година се потрошени само 19.925 денари, во 2017 година биле потрошени 338.463 денари, или 17 пати повеќе, а во 2015 година 707.591 денар или за 35,5 пати во 2015 година е потршено повеќе за патни трошоци.

За социјални бенефиции во првите шест месеци од 2021 година исплатени се 421.000 денари, а во 2017 година биле исплатени само 20.000 денари, што значи дека за потребите на социјално загрозените жители на Општина Велес од општинскиот буџет се одвоило за 21 пати повеќе отколку во 2017 година.

„Врз основа на овие показатели сакам да кажам дека ова се најдобрите финансиски резултати на Општина Велес од 2000 година до денес. На овој начин, со аргументи и факти се спротиставувам на неоснованите критики и на ширењето лажни вести во врска со трошењето на парите на Општина Велес. Во Велес никогаш не се инвестирало во капитални проекти како сега од општинскиот буџет, а ако на тоа се додадат и капиталните проекти финансирани од ЕУ и од други меѓународни донатори и од Владата, тогаш состојбата е уште подобра” потенцираше градоначалникот Коцевски.