Во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, од денеска е отворен осмомартовскиот базар пред платото на Основен суд Велес. На тезгите на велешките ракотворци и трговци можат да се најдат најразлични рачно изработени предмети, украси, накит и друг вид на подароци за денот на жената.

Почитувани, побрзајте да го одберете најубавиот подарок за вашите баби, мајки, сестри и други ваши драги личности.

Осмомартовскиот базар ќе се одржи од 3 до 8 март.