Општина Велес во соработка со средните училишта во градот организира осмомартовски марш во пресрет на Меѓународниот ден на жената. Маршот ќе се одржи на 7 март, петок, и ќе започне во 11:00 часот од кружниот тек кај Авона па се до влезот во Гимназијата. Од таму активностите ќе продолжат во Младински шпарк.

Осмомартовскиот средношколски марш ќе се одржи под мотот „Поттикни акција“. Општина Велес ги поканува сите граѓани кои сакаат и можат да се приклучат на маршот со цел да ја продолжиме борбата за еманципација на жената, потсетувајќи се на начелата за одбележување на 8 Март.