Триесетина ученици од основните училишта од Велес ќе учествуваат на меѓународните Плазма Спортски игри за млади во Хрватска. Тие заедно со своите ментори неделава ќе патуваат за Сплит каде ќе се одржат игрите. Нашата спортска екипа која има постигнато успеси на државни спортски игри е најбројна од Македонија и ќе се натпреварува во народна топка, атлетика, ракомет, тенис и одбојка на песок.

Општина Велес упатува благодарност до Сојузот на училишен спорт од Велес за нивниот ангажман и посветенот и во иднина останува верен поддржувач на активностите кои придонесуваат за здрав и правилен развој на децата.

На екипата што ќе го претставува Велес Општина Велес и посакува многу спортски успеси, нови искуства и искрени пријателства.