КОНТАКТ ИНФО

Адреса:
ул. Кукушка бр.37, 1400 Велес
Работно време:
Понеделник – Петок
Прва смена: 07:30 – 13:30 часот
Телефон (централа):
043 231 098
Телефон (факс):
043 231 098
Е-пошта
usojtv@yahoo.com
Веб страна
www.jovcheteslichkov.edu.mk


ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ”

Нашето училиште “Јовче Тесличков” е општинско средно училиште од Велес, Република Македонија кое неодамна ја прослави својота 50-годишнината од постоењето преку промовирање на образованието, од економско, правна и трговска струка. Наставниот кадар се состои од околу 40 професори а во училиштето се образуваат 600 ученици годишно.
Денес ОСУ „Јовче Тесличков“ претставува современо, креативно, ефикасно и ефективно училиште, чие име се поврзува со многубројни епитети, училиште кое може да се пофали со одлична соработка како со пошироката бизнис заедница, јавниот сектор и локалната самоуправа така и со отвореност за соработка во многу меѓународни проекти кои го прават дел од европскиот образовен систем.
Во училиштето наставата се изведува во 22 кабинети опремени со компјутер за секој ученик и 4 предавални , а на учениците им стојат на располагање спортска сала, надворешни спортски терени, училишна библиотека ,сендвичара, надворешен и внатрешен поливалентен простор и училишен двор.
Предавањата во училиштето се состојат од примена на современи методско – дидактички форми на настава, истражувања, дебати, анализи, анкети, посета на институции, размена на идеи и практични задачи при што учениците ги развиваа своите интелектуални способности, ги надградуваат своите знаења и умеења изградувајки се во млади личности конкурентни на пазарот на трудот или спремни за продолжување на едукацијата на високо образовните институции во земјата и странство.
Во последниве години во училиштето се користи современ начин на евиденција и комуникација по електронски пат, меѓу Министерството за Образование и Наука, училиштето и родителите, наречен е-дневник.

Историја
ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.
Образува економисти со висок квалитет
Училиштето почнува да егзистира и образува кадри од 1960 год. Во зградата во која се наоѓала првата велешка гимназија.Од учебната 1956-57 год до 31.08.1960 година училиштето работеше во склоп на гимназијата ”Кочо Рацин” како економска паралелка при гимназијата, а од 01.09.1960 год се издвои како самостојно училиште со решение на народниот одбор на титовелешката околија бр.01-7269 од 14.09.1960 год кое гласи економско училиште ”Јовче Тесличков” – Велес. Од 0963-64 год работи во зградата на старата гимназија заедно со ЦОУ “Благој Ќирков”. Зградата во која работи училиштето е реновирана последен пат во 1974 година.
Од март 1975 год. Училиштето работи во реновирана зграда со ЦОУ ”Благој Ќирков”во две смени.
Од учебната 2006/2007 година училиштето е преместено на нова локација во зградата на основното училиште Трајко Андреев.
Во првата учебна година од самотојно училиште 1960-1961 запишани се вкупно 228 редовни ученици распоредени во 7 паралелки.Од година во година расте бројот на паралелките и учениците во училиштето .Воспитно образовната работа била отсекогаш најважна задача.
Првиот совет (училишен одбор) е формиран во 1960 год а за негов прецедател е избран Попов Димче-вработен во народниот одбор.Овој училишен преминува во работна заедница во 1964 год а во 1978 год Совет на училиштето.
Од 1984 Економското училиште Јовче Тесличков се вклопи на новата концепција за насочено образование и го смени името во Училиште за средно образование со тровска и економска струка.
Од учебната 2005/2006 во ова училиште се остручуваат кадри од економско правна и трговска струка, поделена на три профила: економски техничар,деловен секретар,банкарски техничар.
Во ОСУ Јовче Тесличков се образувале (едуцирале), се образуваат и ќе се образуваат ученици, потенцијални кадри за градот и Република Македонија. Може да се каже дека значителен економски кадровски,политички,научен и друг потенцијал завршил во ова училиште што е резултат на сите вработени во него.Нашето училиште “Јовче Тесличков” е општинско средно училиште од Велес, Република Македонија кое неодамна ја прослави својaта 50-годишнина од постоењето преку промовирање на образованието, од економско, правна и трговска струка. Наставниот кадар се состои од околу 40 професори а во училиштето се образуваат 600 ученици годишно.



ГОДИШНА ПРОГРАМА

Годишна програма за работата на ОСУ „Јовче Тесличков” за 2019/2020 година Превземи документ


ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

Годишен извештај за работата на ОСУ „Јовче Тесличков” за 2018/2019 година Превземи документ


ГОДИШЕН ФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ И ЗАВРШНА СМЕТКА

Годишен извештај за работата и завршна сметка на ОСУ „Јовче Тесличков” за 2019 година Превземи документ


САМОЕВАЛУАЦИЈА

Самоевалуација на ОСУ „Јовче Тесличков” за 2019-2021 година Превземи документ