Со медалот за освоено прво место на Републичкото првенство во шах за млади до осум години, третоодделенецот  Марко Зафиров денеска се сретна со Градоначалникот Марко Колев. Малиот Марко му раскажа на Градоначалникот за својата пасија во играње шах, што ја научил од својот дедо. Покрај шахот како хоби, кое му носи бројни пофалници и признанија, омилени предмети на Марко му се математика, историја и географија.

Наредната година Марко ќе учествува на Европското првенство во шах што ќе се одржи во Струга. Градоначалникот Колев му посака успех и го покани со освоениот златен медал повторно да го посети.

Општина Велес ќе го поддржи талентираниот Марко на европското првенство за достојното претставување на градот во овој престижен спорт.