Општина Велес го осветли спортските терени кај Гимназија и Хемиското училиште. Поставени се лед светилки за осветлување на трите спортски терени кои се наоѓаат во дворот на училиштата. Осветлувањето на спортските терени ќе им овозможи на сите рекреативци и љубители на спортски активности да рекреираат и во вечерните часеви, но исто така овозможува и заштита од девијантни појави.